Пленковиќ: Згрозени сме од големата трагедија во училиштето
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека е шокиран од инцидентот во основното училиште во Пречко, во кој непознат напаѓач ги нападна наставничката и учениците од тоа училиште.
– Згрозени сме од оваа голема трагедија. Таму моментално се министерот Божиновиќ и министерот Фукс. Полицијата се обидува да утврди што точно се случило. Имаме информации дека неколку ученици се лекувани во загрепските болници – изјави Пленковиќ на почетокот на седницата на хрватската влада.
Во напад со нож утрово во основно училиште во загребската населба Пречко, загина едно дете, а повредени се наставничка и други ученици. Како што пренесуваат хрватските медиуми, неофицијално се работи за 15-годишник кој не се знае дали бил ученик од истото училиште и кои му биле причините да го изврши нападот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху е спремен да му ја предаде…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е…
Од 10 до 15 декември Скопје ќе…
Скопје ќе биде новогодишно украсено во периодот…
Забрана за тешки товарни возила на Стража…
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила…
Јане Ченто: Не бараме милост, не бараме…
Девет години по апсењата поврзани со настаните…
ЈП „Македонија пат“: Патните правци се проодни…
Сообраќајот на сите државни и регионални патишта…