Пленковиќ: Србија e на раб на граѓанска војна
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ предупреди на Стратешкиот форум во Блед за „суровата политичка реалност“ на Западен Балкан, нагласувајќи дека Србија е на работ на граѓанска војна.
„Србија е на работ на граѓанска војна“, рече премиерот Андреј Пленковиќ на панел-дискусија со премиерите на Словенија, Албанија и Црна Гора, објави N1.
Темата на панелот беше понатамошно проширување на Европската Унија.
„Ја имате Северна Македонија, која е блокирана. Ја имате Србија, со повеќе од две години најголеми, најсилни и најсериозни внатрешни немири и демонстрации, на работ на граѓанска војна“, почна да набројува хрватскиот премиер.
„Ја имате Босна и Херцеговина, со Додик кој со години го влече одвојувањето или неодвојувањето, и бум, тој е надвор. Ја имате Бањска, која помина во 2023 година без никаква сериозна забелешка или артикулација од никого во ЕУ, се преправаме дека не се случило. Тоа е реалноста“, рече тој.
„Мораме да бидеме навистина трезвени во врска со проширувањето и променливиот глобален контекст. Јас сум за проширувањето, мислам дека сите се обидуваат да се приклучат, но треба политички да се стабилизираат“, изјави тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Европа се подготвува за војна
Западот ги откри своите вистински намери откако…
Голема акција на Интерпол во 18 држави:…
Вкупно 65 лица, меѓу кои и осомничени…
Вучиќ најави дека би можел да штрајкува…
Шефот на пратеничката група „Србија победува“, Александар…
Ова е кандидатот за претседател на државата…
Студентските пленуми во Србија го поддржале академик…
Велковски: Нема укинување на средствата во вториот…
Министерот за социјална политика, демографија и млади…