Пленковиќ ќе им пружи максимална поддршка на хрватските граѓани во Грција
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека ќе им пружи максимална поддршка на хрватските граѓани во Грција, кои беа уапсени поради навивачки судири и информираше дека побарал од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис што поскоро да ги депортира невините во Хрватска, бидејќи, според него, не е можно сите стотина уапсени да се подеднакво одговорни за настаните во Атина.
Пленковиќ на почетокот на седницата на хрватската Влада се осврна на нередите во Атина, при што беше убиен еден грчки државјанин, а околу стотина хрватски државјани беа уапсени и затворени и посочи дека најостро го осудува хулиганство, пренесува ХРТ.
– Ваквото однесување претставува негација на спортот, го нарушува хрватскиот фудбал и угледот на Хрватска, особено кога ќе видиме дека според резултатите Хрватска е фудбалска велесила. Како општество мораме да го осудиме дивјаштвото, насилството и хулиганството, истакна Пленковиќ и додаде дека дава максимална помош за хрватските граѓани.
Тој повтори дека хрватската полиција ја информирала грчката полиција и другите земји за потенцијалното пристигнување на навивачите.
„Нашата дипломатија, МВЕП (Министерството за надворешни и европски работи) и другите се целосно ангажирани. Во постојана комуникација сме на премиерско и министерско ниво. Ќе се стремиме максимално да ја исполниме нашата уставна обврска, а тоа е заштита на хрватските државјани и обезбедувањето конзуларна и правна помош“, истакна Пленковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ТЕТОВО,…
Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН,…
Канада воведува нови царини за американските производи
Канада од 8 септември ќе воведе царини…
Ангелов: Ја изгубивме контролата над пожарот во…
Центарот за управување со кризи известува дека…
Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…
Царинските управи на Македонија и Косово во…
Американски воен транспортен авион слета во Москва,…
Американски воен транспортен авион утрово слетал на…