Објавено на:

Побегнаа од мобилизација, сега Русите се враќаат дома

t

Русите кои избегаа во странство за да не одат да војуваат во Украина, се враќаат и ја поддржуваат економијата.

Еден милион Руси избегаа во странство во првата година од инвазијата на Кремљ врз Украина. Сега, илјадници луѓе се враќаат дома.

Соочени со заканата дека ќе им биде одбиено обновувањето на нивните дозволи за престој, тешкотијата да се преселат со работа и пари во странство и ограничените дестинации кои сè уште ги прифаќаат, Русите избираат да го прекинат својот самонаметнат егзил.

„Тоа не ни помогна, всушност никој не нѐ чекаше“ во странство“, рече Алексеј (50), поранешен политички консултант од Москва.

Тој се населил во Грузија за да работи како претприемач откако беше приведен на антивоен протест во Москва. Се вратил кога му снемало финансирање на неговиот бизнис. Алексеј и останатите соговорници на „Bloomberg“ не сакаа да ги откријат своите презимиња од безбедносни причини.

Според податоците за клиентите на компанијата за преместување Финион во Москва, 40-45 отсто од луѓето кои заминале во 2022-ра година се вратиле во Русија.

Русите избегаа во Грузија, Србија, Турција, Казахстан, а имаше и такви кои бегаа дури во Аргентина. Војната во Украина трае повеќе од 800 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Украина стапи во сила законот за…

Во Украина денеска стапи во сила оспоруваниот…

Викенд диета за брзо чистење на телото

Викенд диетата за експресно прочистување на телото…

Посебен сообраќаен режим поради одржување трки

Поради беспрекорно одржување на 4. Stopanska Triogy…

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Каменуван автобусот на ,,Чкембарите’’…

Инцидентот се случил по 22:00 часот, веднаш…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…