Повеќе луѓе се избодени во воз во Британија
Во возот за Хантингдон во Велика Британија, неколку лица биле избодени со нож, доцна вечерва објавија британските медиуми.
Полицијата од Кембриџшир објави дека се уапсени две лица, јавува Би-Би-Си.
На местото на настанот се повеќе од 30 полицајци.
Медиумот додава дека не се објавени детали за тоа колку лица биле избодени со нож, ниту колку се сериозни нивните повреди.
Инцидентот се случил помеѓу станиците Стивениџ и Питерборо.
Операторот изјави дека сите линии во моментов се во прекин поради инцидентот.
„Возовите што сообраќаат помеѓу споменатите станици може да доцнат до еден час. Може да се очекуваат големи прекини до крајот на денот“, се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија и Франција клучни за европската одбрана,…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…
Шест од десет Британци сакаат државата да…
Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…
Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…
Кралот Чарлс за нападот во воз кај…
Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…
Иронија: Британска министерка ограбена на состанок со…
На британската министерка за внатрешни работи Диана…