Повеќе од 12 илјади Македонци заминаа на море: На овој граничен премин се чека повеќе од половина час
Евидентна е фреквенцијата на возила на граничните премини Богородица и Табановце. Утрово и на снимките од видео-камерите на Јавното претпријатие за државни патишта можеше да се забележи дека колони возила чекаат на граничните премини.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираат дека во периодот од 10 часот вчера до 10 утрово на ГП Богородица за влез во Република Северна Македонија вкупно се пријавиле 3.444 патници
– За излез од Република Северна Македонија се пријавиле вкупно 12.394, а севкупен број на патници влез и излез е 15.838, граѓани, соопштија од МВР.
Во истиот период на ГП Табановце влегле вкупно 8.173, а излегле 10.049, вкупно 18.222 граѓани.
Граѓани за МИА велат дека на граничниот премин Табановце за излез од државата се чека најмалку половина час, но и нагласуваат дека сите ленти се во функција. На ГП Богородица пак, евидентно е зголемен метежот на возила за излез од земјава.
Метежите на граничните премини Табановце и Богородица се вообичаени за викендите и за празниците.
Метеж се очекува и во недела, вечерта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Проф. Трајковски: Немам видено пациент/ка со спастична…
Немам видено пациент/ка со спастична параплегија што…
(Видео) Зеленски предупредува: Ако падне Украина, 20…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека евентуалниот…
Си-ен-ен за Македонија: „Прекрасна природа, спокојство, врвна…
Американската телевизиска мрежа CNN ја претставува Македонија…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
Клековски: Терапијата за мултиплекс склероза поблиску до…
Во Министерството за здравство денес се објавија…