Повеќе пожари беснееја во Струмичко – спасени куќи и верски објект од пламените јазици
Денешниот ден беше еден од најтешките за пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Струмица, кои во текот на денот интервенираа на повеќе активни пожари во струмичкиот регион. Благодарение на нивната брза и пожртвувана реакција, спасени се повеќе куќи, како и црквата „Св. Петар и Павле“ во селото Бајково, иако огнот веќе бил стигнат до самите објекти.
Од ТППЕ Струмица информираат дека пожарите избувнале во атарите на селата Бајково, Мокриево, Петралинци и Еднокукево, каде гореле дрвја, сува трева, ниска вегетација, стрништа, како и земјоделска механизација – машина за балирање слама.
„Со огромен труд, пожртвуваност и навремена интервенција, пожарникарите успеаја да спасат повеќе куќи, како и црквата ‘Св. Петар и Павле’ во селото Бајково, иако огнот веќе беше стигнат до самите објекти. Со тоа е спречена поголема материјална штета“, соопштија од ТППЕ Струмица.
Претходно, од Дирекцијата за заштита и спасување информираа дека шумски пожар избувнал на падините на планината Огражден, во атарот на селото Бајково, при што постоела сериозна опасност огнот да се прошири кон црквата. Поради сериозноста на ситуацијата, најавено беше и вклучување на два авиони „ертрактори“ во гаснењето на пожарот.
Пожарникарите упатија сериозен апел до граѓаните да бидат максимално внимателни и одговорни во текот на летниот период, кога ризикот од пожари е значително зголемен.
„Да не се палат стрништа, отпад или сува вегетација и веднаш да се пријави секој забележан пожар. Огнот не простува, но со заедничка одговорност можеме да спречиме катастрофални последици“, порачаа од ТППЕ Струмица.
Оттаму додаваат дека пожарникарите остануваат секогаш подготвени да ги заштитат животите и имотот на граѓаните, без разлика на тежината на предизвиците со кои се соочуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе пожари беснееја во Струмичко – спасени…
Денешниот ден беше еден од најтешките за…
Откупната цена на вранецот ќе изнесува 21,8…
Откупната цена за килограм винско грозје од…
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,…
Трамп: Воените напади ќе продолжат врз Иран…
Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека…
Кривична за таткото на Меланија од Куманово…
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава…