Објавено на:

Повредени се четири лица: Тешка сообраќајка кај Тиквешко Езеро

t

Во сообраќајка вечерва на патот Кавадарци – Ресава кај Тиквешко Езеро повредени се четири лица, оваа информација ја потврди за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на Сектор за внатрешни работи Велес.

– Според првичната информација, во полициска станица Кавадарци примена е пријава од Итна медицинска помош, дека на локалниот пат Кавадарци – село Ресава кај месноста викана „Криви дол“, во близина на Тиквешко Езеро, случена е сообраќајна незгода помеѓу два патнички автомобили. Спроред првичните информации од ИМП, повредени се 4 лица, кои со возила на ИМП се префрлени во ЈЗУ во Кавадарци. Излезено е на лице место од увидна екипа. За учесниците во незгодата, карактерот на повредите, во моментот немаме информации, штом ќе се комплетира настанот ќе известиме, појасни Самарџиев.

Раководителот на Итна медицинска помош, доктор Ратко Грков, информираше за МИА дека станува збор за тешка сообраќајка. Две од лицата биле со потешки повреди. Сите повредени, со две возила на брзата помош биле пренесени во кавадаречката болница. Инаку, според првичните информации, станувало збор за две лица на околу 30 години, едно на околу 50 години и едно лице на околу 12 – годишна возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…