Објавено на:

ПОВРЕДЕН РУДАР СВЕДОЧИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО СОКОБАЊА: Експлозијата ме фрли неколку метри

t

Директорот на Општата болница во Алексинац, д-р Горан Видиќ изјави дека во таа установа се згрижени 18 повредени рудари, од кои 15 со полесни повреди.

– Двајца се со повреди на лактот, а еден со сериска фрактура на пет ребра, но и тој е надвор од животна опасност – вели Видиќ.

Еден од повредените рудари изјави дека ништо не ја навестувало несреќата.

– Немав поим дека вакво нешто ќе се случи. Само се сеќавам на експлозијата. Ме фрли неколку метри, но на ништо друго не се сеќавам – се зборовите на еден од повредените рудари кој бил згрижен во болницата во Алексинац.

– Неколку околни центри ги испратија сите свои екипи и дел од нив се транспортирани во Општата болница Алексинац – изјави директорот на Здравствениот дом Алексинац, Родобљуб Живадиновиќ.
ФОТО: Print screen/Exstra vesti

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прво обраќање на Радомир Саичиќ како кандидат…

Студентската листа денеска соопшти дека академикот и…

Брнабиќ со остар испад пред изборите: „Ова…

Пратеничката на Српската напредна партија (СНС) и…

Српската полиција уапси 17-годишник во Белград со…

Српската полиција уапси седумнаесетгодишник од околината на…

Притвор до 30 дена за директорката на…

Вишиот суд во Белград одреди притвор до…

Србија ќе избира претседател на 27 декември:…

Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар…