Повторно е отворен граничниот премин Евзони
Од утрово е отворен граничниот премин Евзони меѓу Македонија и Грција и дека сообраќајот и преминувањето на границата се одвива непречено.
Преминот Евзони беше затворен од 2 до 4 април до шест часот наутро поради штрајк на грчките цариници.
Како што претходно објавија грчките медиуми, цариниците штрајкуваа поради измените што ги промовираше Управата за јавни приходи, а за кои тврдат дека главно се однесуваат на регионалните царински испостави кои се во опасност од намалување и затворање.
Цариниците реагираат на промените и големиот обем на работа што го имаат на граничните премини со Албанија и Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…
Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…