ПОВТОРНО ИСТЕПАЛ СОГРАЃАНИН СО БОКСОВИ – Нефи Усеини за три години претепал четири лица, во меѓувреме чека пресуда за насилство!

t

Советникот Нефи Усеини од ДУИ одново натепа сограѓанин во Охрид, додека ја чека пресудата за тепањето на сограѓанинот Спиро Топаловски. Во изминативе три години, ова е негова четврта физичка пресметка.

Според информациите кои ги објави „А1он“, инцидентот се случил во просториите на Општина Охрид. Таму, советникот Усеини се пресретнал со 56-годишниот натепан охриѓанец. Откако ги земале бројчињата за во системот за наддавање за тезгите поставени на кејот, дошло до вербална расправија, а потоа и боксови. Дека Усеини го натепал 56-годишниот сограѓанин, се потврдува и од охридската полиција.

„На 21.06.2022 година околу 15.30 часот на улицата ‚Димитар Влахов’ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.У. врз Т.В.(56), двајцата од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од охридската полиција.

Новиот инцидент каде Усеини физички се пресметува доаѓа во исто време додека тој чека пресуда од охридскиот суд за насилство. Предметот за претепувањето на нивниот сограѓанин Спиро Топалоски, поради кое се гонат за насилство е во судска завршница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…