Повторно контра сите во ЕУ: Унгарија нема да испрати муниција во Украина
Унгарија не сака да испраќа муниција во Украина, иако тоа нема да ги спречи другите земји од Европската Унија да го сторат тоа, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска одобрија акционен план, чија цел е да се снабдат украинските сили со најмалку еден милион гранати од 155 милиметри и да се надополнат стратешките резерви на земјите од ЕУ, од кои некои се речиси целосно исцрпени.
За таа цел, две милијарди евра ќе бидат повлечени од Европскиот мировен фонд (ЕПФ), вонбуџетски финансиски инструмент на Европската Унија кој ја подобрува способноста на ЕУ да дејствува како глобален обезбедувач на безбедност.
– Унгарија не испорачува оружје. Ние сакаме мир, рече Сијарто на прес-конференција. Затоа не учествуваме. Ние не и доставуваме муниција на Украина ниту ги спречуваме другите да прават што сакаат, продолжи унгарскиот министер.
Придонесот на Будимпешта во ЕПФ изнесува околу еден процент, што е приближно десет милиони евра. Тие средства ќе се користат за други цели, како работа на стабилноста на Западен Балкан и намалување на миграцискиот притисок, соопшти Сијарто.
Министерот рече дека Унгарија нема да учествува во набавката на муниција ниту во нејзината испорака во Украина.
Сијарто оцени дека Брисел продолжува да поттикнува „атмосфера на војна“ и дека земјите што промовираат мир се под зголемен притисок да попуштат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…
Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…