Објавено на:

Повторно паника на грчките плажи: Уште едно каснување од риба зајак – каснала жена за врат во близина на каротидата!

t

Не запира стравот од една од најопасните и најотровните риби кои касаат на Медитеранот кои сезонава се појавија во морето во Грција. Па така, глевното прашање за сите кои летово одмарале во соседна Грција е „Дали ја има рибата зајак?“,

Ова следи откако е нотиран втор случај на каснување.

Вистинска драма се случила на плажа во Патра, Грција, кога 64-годишна жена била нападната од опасна риба додека мирно се капела во морето. Според нејзиното сведоштво, таа влегла во водата кога одеднаш почувствувала силен удар и болка.

Подоцна ја опишала рибата како суштество со „глава како зајак“, а станува збор за инвазивната и исклучително опасна риба Lagocephalus sceleratus, позната и како сребренообразен фугу.

Нападот предизвикал сериозна повреда, при што жената била гризната во пределот на вратот, опасно блиску до каротидната артерија.

Лицата кои биле со неа веднаш повикале помош, по што таа била пренесена во здравствена установа.

Лекарите веднаш ја третирале раната, ѝ дале вакцина против тетанус и антибиотска терапија, а според очевидци, нападот го потврдила и жената која била со повредената во моментот на инцидентот.

Пред една недела, друга жена била касната за глуждот од отровната риба во Пефкохори.

Грчките медиуми и научници предупредуваат дека станува збор за риба која содржи силен токсин опасен за луѓето. Иако не напаѓа без причина, нејзиниот силен угриз може да предизвика сериозни повреди, а нејзиното месо не смее да се консумира доколку не е правилно обработено, бидејќи токсинот може да биде смртоносен.

Експертите посочуваат дека појавата на рибата зајак е поврзана со затоплувањето на морето и климатските промени, кои овозможуваат инвазивните видови полесно да се шират во Средоземното Море.

Иако нема причина за паника, надлежните ги повикуваат капачите, нуркачите и рибарите да бидат внимателни доколку забележат ваков примерок. Доколку случајно се улови, се препорачува да не се допира со голи раце и да не се консумира.

Рибата зајак последниве години сè почесто се регистрира долж грчкото крајбрежје, а научниците внимателно го следат нејзиното понатамошно ширење, бидејќи претставува закана и за морскиот екосистем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Mицкоски: Вештачката интелигенција повеќе не е тема…

Вештачката интелигенција, енергетските системи, дата центрите и…

Путин по заканите од Естонија за војна:…

Рускиот претседател Владимир Путин со потсмев одговори…

ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ПРИМИРЈЕ:…

# ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА…

Мицкоски од ОН: Миграцијата не започнува на…

Светот мора поинаку да пристапи кон миграцијата…