Повторно пукање во Чаир – Сакале да го ликвидираат пред неговиот дом

t

Повторно пукање во Чаир, според полициски извори вчера вечер, на 27.10.2024 година во 22.55 часот пријавено е дека имало пукање од огнено оружје на на ул.Џон Кенеди позади маркет Кипер .

Од уводот на лице место на улица Пере Тошев утврдени се оштетувања од проектили на прозорите од куќата и два автомобили Wolksvagen Arteon. Има оштетување и на соседната куќа. На место на настан пронајдени се повеќе чаури од автоматско оружје.

Според информации на Инфомакс се работи за лице добро познато на полицијата. Истото лице претходниот ден учествувало во физичка пресметка и се смета дека вчерашниот обид за негова ликвидација е со цел одмазда за неговото учество во физички напад.

Сторителите пукале за да го ликвидираат пред неговиот дом, но лицето имало среќа па се задскрило зад автомобилот и на тој начин си го спасило животот.

Ова е трет обид за ликвидација во Чаир во изминатите месец дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се…

Цените на нафтата се намалија денеска откако…

Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на…

„Добар ден на сите, би сакал да…

ЈО за отворање случај за Алта банка:…

Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на…

Бабата на убиецот од Краков: Бил одличен…

Бабата на 24-годишниот Михал О., осомничен за…

Мицкоски: Очекувам аукцијата за отуѓување на акциите…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување…