Објавено на:

Повторно судири во Нагорно-Карабах: Тројца мртви

t

Во сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах денеска повторно избија судири меѓу ерменските и азербејџанските сили, при што воените претставници на Нагорно-Карабах изјавија дека во нападите на азербејџански беспилотни летала загинале двајца, а раниле 14 нивни војници.

Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека еден од нивните војници бил убиен во, како што се наведува, „терористички чин на илегални ерменски воени формации”, а армијата на земјата одговорила со „одмаздничка операција, убивајќи и ранувајќи неодреден број „незаконски ерменски активисти”.

Лидерот на Нагорно Карабах, Араџик Харутиунџан денеска најави делумна воена мобилизација, што дополнително ги подгрева тензиите во тој регион.

Ерменија и Азербејџан имаат повеќедецениски спор околу Нагорно-Карабах, кој се наоѓа во Азербејџан и е под контрола на етничките ерменски сили поддржани од Ерменија од крајот на војната во 1994 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Град на духови: Повеќе од 100.000 луѓе…

Речиси целото етничко ерменско население побегна од…

Нема мир: Едно лице загина на границата…

Едно лице загина, а две други се…

Москва: Ерменците го предаваат оружјето во Нагорно-Карабах

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ерменските…

Путин со коментар за конфликтот во Нагорно-Карабах

Москва прави се` за да се заштитат…