Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан на средба со папата Франциск

t

Архиепископот г.г. Стефан денеска во Ватикан ќе се сретне со папата Франциск. Ова е прва официјална посета на поглаварот на МПЦ-ОА, со поглаварот на Римокатоличката црква.

Поводот е 1155-годишнината од блаженото упокојување на Сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски, каде што утре поглаварот на МПЦ ќе отслужи Молебен на неговиот гроб во базиликата „Свети Климент“ („San Clemente“).

Г. г. Стефан, како што соопшти неговиот кабинет, на патувањето е придружуван од митрополитот Европски г. Пимен, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски, професорот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ и поранешен македонски амбасадор во Ватикан, проф. Ѓоко Ѓорѓевски, како и од свештенослужители од Скопската епархија. На Молебенот ќе сослужува и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

Во текот на посетата,  г. г. Стефан денеска официјално ќе биде примен од Неговата Светост, Папата Франциск. На средбата, како што е наведено во соопштението, ќе присуствува и македонската амбасадорка во Ватикан, Марија Ефремова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ватикан: Папата не бара од Украина да…

Директорот на Канцеларијата за медиуми во Ватикан,…

Папата Франциск до верниците: Заземете ја страната…

Папата повика да се направат сите можни…

(Документи)Македонската Православна Црква ќе се преименува, не…

Бидејќи се поделивме по сите основи, без…

Можна средба на Папата и рускиот патријарх…

Рускиот патријарх Кирил и папата Франциско најверојатно…

Папата до сопствениците на миленици: Отфрлањето на…

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, ризикуваше…