Објавено на:

Погодени холандската и австриската амбасада во Киев: Руски напад оштети дипломатски објекти

t

Руските напади врз украинската престолнина Киев предизвикаа штета и на уште едно дипломатско претставништво. По холандската, оштетена е и зградата на австриската амбасада, откако проектил падна во нејзина непосредна близина.

Австриската министерка за надворешни работи, Беате Мајнл-Рајзингер, потврди дека во нападот била оштетена зградата на амбасадата, но дека нема повредени меѓу дипломатскиот персонал.

Според нејзиното соопштение, проектилот погодил област непосредно пред дипломатското претставништво во центарот на Киев.

Министерката телефонски разговарала со вработените и потврдила дека сите се безбедни. Поради зголемениот интензитет на руските напади врз украинската престолнина, таа наредила воведување дополнителни безбедносни мерки за заштита на австрискиот персонал.

„Безбедноста на нашите колеги ми е на прво место“, порача Мајнл-Рајзингер, заблагодарувајќи им се на дипломатите кои продолжуваат да работат во опасни услови.

Оштетена и холандската амбасада

Инцидентот со австриското дипломатско претставништво се случува истиот ден кога беше пријавена и штета на зградата на холандската амбасада во Киев.

Холандскиот министер за надворешни работи Том Берендсен соопшти дека проектил паднал во непосредна близина на амбасадата, зад самата зграда, при што бил предизвикана штета врз објектот.

И во овој случај нема информации за повредени меѓу вработените.

Оштетувањето на две дипломатски претставништва во еден ден го отвора прашањето за безбедноста на странските дипломатски мисии во Киев, во услови на засилени руски воздушни напади врз украинската престолнина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погодени холандската и австриската амбасада во Киев:…

Руските напади врз украинската престолнина Киев предизвикаа…

ЕЦБ предупредува: Задолжувањето за вештачка интелигенција потсетува…

Европската централна банка предупреди дека брзиот раст…

(Видео) Оштетен највисокиот облакодер во Ријад по…

Кулата на саудискиот Фонд за јавни инвестиции…

САД повикаа на зголемена претпазливост по иранските…

Американската амбасада во Кувајт ги повика американските…