Поголема безбедност за музеите и артефактите: Тошковски најави засилена соработка
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Археолошкиот музеј во Скопје, каде што било разговарано за можностите за подобрување на институционалната соработка и зајакнување на безбедноста на културните добра.
Тошковски посочи дека неодамнешните кражби на вредни историски и археолошки предмети од музеи во повеќе европски земји се потсетник за важноста на навремените превентивни мерки и подобрата заштита на културното наследство.
„Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство, кое сведочи за долгата и разновидна историја на овие простори. Секој археолошки предмет, секој историски артефакт е дел од нашата колективна меморија и културен идентитет, богатство кое имаме обврска да го зачуваме за идните генерации“, порача Тошковски.
Според него, заштитата на културните добра не е само прашање на културата, туку и важно безбедносно прашање.
„Спречувањето на кражбите, нелегалната трговија со културни добра и другите облици на загрозување на културното наследство бараат постојана будност, превенција и координирано дејствување на надлежните институции“, нагласи тој.
На средбата било разговарано и за можностите за дополнително унапредување на соработката меѓу институциите со цел подобра превенција и поефикасна заштита на археолошките и историските предмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…
Син ја нападнал мајка си во тетовско
24-годишно момче е приведено во Тетово откако неговата…
15.000 потписи за електронски алки за насилниците…
Петнаесет илјади граѓани за помалку од три…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
Нафтата падна на најниско ниво од август…
Светските цени на нафтата продолжуваат да паѓаат,…