Поголемиот дел од Албанија вечерва без струја
Поголемиот дел од Албанија вечерва остана без струја, а најголемите градови на југот од земјата се во мрак.
Без струја останаа следните градови: Берати, Валона, Фиери, Драч, Лушња, Каваја, Шкозети, пренесува Еуро њуз на албански јазик. Според неофицијални информации од ОСТ (Оператор на преносниот систем) дошло до дефект на високонапонскиот вод.
Без струја остана и регионалната болница во Валона. Според информациите добиени од управата на болницата, ходниците и просториите се во мрак, а благодарение на генераторот струја има во важните одделенија и во операционите сали. Единственото светло оваа вечер во јужна Албанија се фаровите на автомобилите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…
Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…
ЕУ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ УСОГЛАСИ СО…
Официјален Брисел очекува Македонија да се приклучи…
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…