Погребални претпријатија во Русија одбиле да го организираат погребот на Навални
Неколку погребни агенции во Русија одбија да го погребат Алексеј Навални, предизвикувајќи проблем за семејството на починатиот руски опозиционер.
„Погребалните претпријатија одбија да го организираат погребот на Алексеј Навални“, истакна портпаролката на критичарите на Кремљ, Кира Јармиш.
Тимот на Навални потроши многу време барајќи каде да го организира погребот, а како што се наведува, „повикале голем број приватни и јавни погребални агенции, комеморативни локации и погребни сали.
„Некои места велат дека нивниот простор е зафатен, а други одбиваат да го спомнат името на Навални. На едно место ни кажаа дека на погребалните служби им е забрането да работат со нас. По цел ден пребарување, се уште не најдовме проштална сала, вели Јармиш во објава на социјалната мрежа „Икс“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
В сабота мирен протест во Охрид против…
В сабота од 12 до 14 часот…
Хрватска ги запира преговорите на Црна Гора…
Хрватска не сака прашањето за разграничување на…
Поради силен ветер: На неколку патни правци…
ЈП „Македонијапат“ вечерва информира дека поради силен…
Силен ветер со брзина над 80 километри…
Управата за хидрометеоролошки работи најавува силен југозападен…
Трамп им се јави на европските лидери…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, преку телефон…