Погребано двегодишното дете кое почина на Нова година – семејството преку адвокат бара правда
Погребано двегодишното дете кое почина на Нова година – семејството преку адвокат бара правда и прашува зошто биле приведени.
-На ден 31.12, односно во раните часови на 01.01, околу 00:05 часот, семејството Арслани се наоѓало пред својот дом со цел да го проследи новогодишниот огномет. Домот е лоциран во импровизирана населба во близина на топланата на БЕГ. Во еден момент, мајката забележала дека малолетното дете Нагип е неподвижно и не реагира. При обидите на родителите да го разбудат, било утврдено дека детето не дише. Истовремено, била забележана повреда во пределот на главата, со видливи траги на крварење. Родителите немаат сознанија како и кога настанала таа повреда, ниту пак било забележано претходно било какво опасно дејствие или инцидент. Детето било итно пренесено во здравствена установа, каде што од страна на медицинските лица била констатирана смрт. Со оглед на нејасните околности и постоењето на повреда на главата, телото било предадено на Институтот за судска медицина за вршење обдукција – вели адвокатот на семејството Срџан Амет за „Слободен печат“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…