Погреб на македонштината – Македонците ќе учат социјална наместо национална историја! Ачковска ги повика “анонимните забележувачи” на научна дебата!

t

Минстерството за образвание и наука објави дека поради голем број на анонимни претставки поднесени до министерството се најавува ревизија на учебниците по историја за шесто и седмо одделение.


Во краткото соопштение МОН вели дека комисија формирана со одлука на министерот за образование и наука ќе ја преиспитува содржината на учебникот по Историја за шесто и седмо одделение. МОН соопшти дека примило повеќе претставки дека одредени податоци и информации кои се објавени во учебникот не соодветствуваат со научната реалност.

Дополнително откако ќе се изврши ревизија на учебниците ќе се одлучи дали ќе има само корекција или целосно повлекување и промена на учебниците.

Учебникот за шесто одделение меѓу другото ја опфаќа античката историја на Македонија, обединувањето на македонските племиња, значајни настани поврзани со Филип Втори и Александар Трети Македонски.

Учебникот за седмо одделение ја опфаќа средновековната историја, Кирил и Методиј, Свети Климент и Наум, средновековната држава на Царот Самоил, создавањето на глаголицата и кирилицата…

Редакцијата на Инфомакс испрати неколку прашања до МОН каде бараме да ни одговорат дали корекциите на учебниците се поврзани со Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија, на кои точно тематски целини се однесуваат претставките и кој ги испратил истите. Дополнително прашавме дали бугарските здруженија во Македонија имаат поднесено претставки за учебниците.

Од засега необјаснети причини МОН не ги одговара прашањата и веројатно мислат дека доколку не’ игнорираат темата ќе биде заборавена, а нивната агенда ќе помине глатко, според планираното.

Разговаравме со историчари кои велат дека целта на ваквата промена е полека но сигурно да се избрише свеста на Македонците дека се Македонци, особено преку заобиколување на терминот македонски и Македонци.
Според информациите на историчарите се планира целосна промена на учебниците во насока на учење на социјална, а не национална историја.

Дополнително спорно е како министерот може да си формира комисија за разгледување на учебниците кога научна верификација на учебници може да направат само научници историчари, не административци вработени во МОН.

Инфомакс ја контактираше и професорката Виолета Ачковска која е еден од авторите на учебникот на шесто одделение.
Професорката вели дека не може со забелешки од анонимни минувачи крај Министерството да се променуваат учебници пишувани на сторо научна основа.

Они треба да кажат на која страна, кое, што, јас вака општо не можам да кажам. Учебникот е правен сторго научно, тие треба да кажат на таа страница, овој податок не е точен, а вака со општи формилации тоа смешно е мислам и несериозно.
Не може со анонимни забелешки на лаици да се променуваат учебници. Да излезе експерт со име и презиме и да каже на која страна што не е научно и тогаш може да се води научна дебата, а со вакви анонимни јавувања и со вакви перфини расипани игри не оди работата. Веројатно целта е да се отфрлат сегашните учебници како неподобни за сегашната власт која треба да пишува во духот на бугарските и грчките барања и со вакви небулози и формулации дека имало научни не знам какви работи… Точно прецизно да кажат на која страна што нее точно, што не е научно ама тоа да го каже експерт, а не анонимни минувачи крај МОН.

Ачковска ги повика експертите со име и презиме да излезат и да кажат каде има ненаучно толкување на историјата во учебниците, а не вака со анонимни забелешки.

Ова е смешно. Треба точно да се наведе што не е точно и ќе водиме научна полемика да видиме што вика науката, а што анонимните јавувачи, вели професорката Ачковска која додава:

Треба да се најде причина да се отстрани досегашното толкување на македонската историографија и да се наметне политичко во духот на барањата на соседите. Доколку има да излезе експеет за тој дел од историјата и да каже на таа страница ова се коси со научните толкувања и да цитира кој како го толкува тоа, а ние го толкуваме спротивно на науката. Јасна е целта, треба да се тргнат учебниците, потенцира Ачковска.

Инфомакс дополнително дознава дека работата на заедничката комисија на Македонија и Грција е целосно блокирана, а ваквите анонимни пријави до МОН се начин да се поттикне промена на учебниците без да биде нагласено дека промената е всушност во согласност со бугарските и грчките барања.

МОН не одговара кои лица поднесуваат претставки, дали секој еден минувач покрај минситерството може доколку сака да оспори учебник пишуван врз основа на научни докази и пишуван од реномирани професори кои учеле генерации историчари.

Јавноста молчи, не се реагира на ваквите отворени обиди за промена на учебниците кои ќе стават децениски последици врз Македонците, земајќи предвид дека генерациите кои би учеле од вакви осакатени учебници нема да имаат претстава за својата вистинска македонска историја и потекло.

Реакција нема ниту од политичките партии од опозицискиот блок, кои или не се информирани или имаат попаметни и веројатно поисплатливи работи од коментирање на измената на содржината на учебниците.

Историјата е учителка на животот, а Македонците очигледно никогаш не ја научија и секоја генерација одново ги повторува иститие грешки како и претходната. Сегашната генерација несомнено ќе понесе најголем срам и грев за сакатењето на Македонците и македонската наицонална свест.

Учете историја, зачувајте ги старите учебници кои ги имате и доколку дојде до некаква промена на учебниците не дозволувајте вашите деца и внуци да останат неуки и несвесни за своето потекло. Македонците преживеале и полошо од денешната власт, а богами и (дел од) опозиција, ќе преживееме повторно…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Во учебниците ќе научат како сме…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…