„Погрешив во проценката, Миовски може да игра за Селтик или Ренџерс“
Поранешниот фудбалер кој сега е фудбалски критичар, Бери Фергусон призна дека погрешил кога претходно рекол дека Бојан Миовски нема квалитет за да игра во Селтик или Ренџерс.
Фергусон е поранешен играч на Глазгов Ренџерс и шкотски репрезентативец. Тој лани рече дека Бојан Миовски нема квалитет да игра за Селтик или Ренџерс, сега се извини за својата лоша проценка.
„Погрешив кога реков дека Миовски не е доволно добар. Навистина ми се допаѓа. Има одлични движења и брилијантен финиш. Тој е целосен фудбалер. Претходно не бев сигурен во него, но тој е голгетер каков што тешко се наоѓа“, вели Бери Фергусон.
„Покажа дека е доволно добар за да игра во Селтик или Ренџерс. 11 голови за тимот на Абердин кој се мачи оваа сезона, тоа е импресивно“.
„Тој исто така е и репрезентативец. Не гледам причина зошто Селтик или Ренџерс да не погледнат кон играчите кои играат во шкотското првенство“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радовишанец им се заканувал на вработени во…
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…
Уапсен 39-годишник: Фатен додека подигнувал сомнителна материја…
На 06.11.2026, во 20:30 часот во Скопје…
Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…
Најмалку шест лица се убиени, а 16…
Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…
Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…
Трамп му нареди на Министерството за правда…
Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…