Подарок за секој хороскопски знак

t

Пред купување новогодишни подароци консултирајте се со хороскопот, или земете совет од астрологот Сузан Милер која вели дека секој хороскопски знак има одредени склоности и активности и врз база на тоа, може да помогне во одбирање на подароци.

ОВЕН
Родените во овој знак ќе ги усреќи ако им подарите опрема за фитнес или јога, паметен часовник или можеби убав прибор за во канцеларија.

БИК

Лица родени во знакот Бик секогаш ќе се израдуваат ако добијат некоја билка или букет цвеќе како подарок. Но повеќе ќе се израдуваат ако под елката најдат парфем, ваучер за спа третман.

БЛИЗНАЦИ

Овој знак ќе биде среќен ако добие пенкало или нешто што може да го користи во секојдневото работење. Добар подарок за нив е патна торба или добра книга.

РАК

Раковите ќе се израдуваат ако им се подари се што има врска со готвење или што ќе го разубави нивниот дом, а ќе се израдуваат и на фото албум.

ЛАВ

Овој знак се задоволува само со скап подарок: брендирана облека, шише шампањско или некој друг скапоцен пијалок или некој врвен козметички производ.

ДЕВИЦА

Родените во овој знак ја ценат природата и се што е втемелено во научни факти. Ќе се израдуваат на органски козметички производи или на пример за некој курс за готвење, шиење, сликање…

ВАГА

Како што е Бикот и Вагата ќе се развесели ако добие некоја свилена блуза или перница, необичен накит или некое уметничко дело.

СКОРПИЈА

Овој знак може да биде доста мистериозен. Родените во овој знак ги ценат персонализирани работи, како што се кожни ташни, јакни и убав долен веш.

СТРЕЛЕЦ

Родените во овој знак сакаат патување, нема да згрешите ако им подарите куфер или да ги однесете на место каде што не биле. Но ако од сето тоа нема ништо тогаш тие ќе се израдуваат со практични работи како што се маици и фармерки.

ЈАРЕЦ

Практичните и амбициозните Јарци ценат подароци кои имаат сентиментална вредност, но ќе се израдуваат и со некои практични подароци како што е годишна карта за во музеј или театар.

ВОДОЛИЈА

Родените во овој знак ја ценат технологијата и на секоја новост се радуваат. Ги интересира наука па ќе се израдуваат ако добијат пропусница за планетариум или некој музеј на наука или технологија.

РИБИ

Кај овие знаци најприсутна е романтиката и оптимизмот. Уживаат кога ќе добијат некој луксузен козметички подарок. Бидејќи се романтични, уживаат во книга со поезија, убави фотографии и билети за во кино.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Подарок за секој хороскопски знак

Пред купување новогодишни подароци консултирајте се со…

(Фото+Видео) Која иpонија: За збoгyм Филипче му…

Венко Филипче министерот за здравство во заминување…