Подготвени сме за сите сценарија со Турција, вели грчкиот претседател
Подготвени сме за секое сценарио. Не стравувам дека ќе дојде до сериозен инцидент, бидејќи продолжуваат да постојат канали на комуникација со Турција во рамките на структурираниот дијалог. Од друга страна ништо поразлично не може да направи една влада од тоа да ги биде подготвена за сите сценарија, посочи министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервју за грчката телевизија „Скај“.
Шефот на грчката дипломатија говорејќи за односите со Турција посочи дека не посакуваат и не очекуваат вооружен инцидент и објасни дека и покрај зголемената тензија со соседната земја, „денес не сме ни близу до тензијата и кризата што во минатото постоеше во грчко-турските односи“.
Ја истакна потребата да се избегне секаков потег што би можел да доведе до неконтролирана тензија и оцени дека не постои опасност кризата да се префрли на терен, а паралелно неколку пати повтори дека Атина е подготвена за сите сценарија.
Објасни дека постојат канали за комуникација со Турција, воспоставени пред три години преку структурираниот грчко-турски дијалог и со потпишувањето на Атинската декларација и нагласи дека контактите меѓу Атина и Анкара не треба да зависат исклучиво од моменталните околности.
-Нашето уверување е дека овој дијалог треба да продолжи. Мислам дека да разговараш со својот сосед, особено со сосед со кој имаш историски разлики, е неопходност. Не можеме истовремено да велиме дека Грција се залага за мир и стабилност во регионот, а од друга страна да ја затвораме вратата. Оние кои сметаат дека со затворање на вратата за дијалог, односно со тоа што нема да седнеме и да разговараме, добиваме нешто, според мене, едноставно се длабоко во заблуда, истакна Герапетритис.
Паралелно објасни дека стремежот кон дијалог, не значи и отстапки, повтори дека Грција не разговара за прашањата поврзани со суверенитетот, односно за т.н. сиви зони и за демилитаризација на островите и додаде дека сè додека не постои решение за одредувањето на ексклузивната економска зона и континенталниот гребен, „овие прашања нема да исчезнат од масата на Турција, ниту пак очекувавме дека ќе исчезнат“.
-Се стремиме кон воспоставување функционален однос, но без да ја имаме онаа нереална перцепција дека Турција ќе се откаже од овие позиции. Како се решава ова? Се решава преку меѓународното право. Со разговори за одредување ексклузивната економска зона и континенталниот гребен, а доколку постои какво било несогласување околу тоа, тогаш прашањето да се упати пред меѓународна судска инстанца преку посебен договор меѓу страните, објасни шефот на грчката дипломатија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Подготвени сме за сите сценарија со Турција,…
Подготвени сме за секое сценарио. Не стравувам…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економијата да…
Кога СДС зборува за јавниот долг, прво…
СДСМ: Мицкоски на прославата за независност повторно…
На прославата за 35 години независна Македонија,…
Нетанјаху демантира дека ОАЕ го предупредиле пред…
Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин…
Цената на нафтата се доближи до 100…
Цените на суровата нафта Брент утрово се…