Подготовки за зимата во Маврово: Ренџерите оставаат витаминска храна за дивечот

t

Во Националниот парк „Маврово“ започна поставувањето минерални и витамински блокови за дополнителна исхрана на дивечот во текот на претстојните есенски и зимски месеци.

Активностите ги спроведуваат ренџерите и службата за заштита на природата, особено на подрачјата со повисока надморска височина, како дел од редовната есенска програма на паркот.

„Во овој период, ренџерите и вработените во службата за заштита на природата се на терен и поставуваат минерални и витамински блокови за дополнување на исхраната на дивите животни во текот на есента и зимата“, информираат од НП „Маврово“.

Прихраната е особено значајна за тревопасните животни, меѓу кои дивите кози и срните, бидејќи им помага полесно да го поминат периодот кога природната храна е потешко достапна.

Паралелно, ренџерските служби вршат засилени контроли и редовни обиколки за следење на состојбата во заштитеното подрачје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција на новите…

Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година…

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Уапсен е тетовец – нападна две деца…

Жител на тетовското село Требош (51) бил…

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…

Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…

Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…

Украина и Русија во неформални разговори покажале…