Поддршка за професорката: Ачковска на службен разговор во полиција за статус на Фејсбук

t

Универзитетската професорка Виолета Ачковска на службен разговор во полиција за статус на Фејсбук дека гимназијалец бил отруен со дрога ставена во појалок.

Во полициска станица при СВР Скопје денеска бил извршен службен разговор со универзитетската професорка Виолета Ачковска, поради наведени податоци дека гимназијалец бил отруен со дрога ставена во пијалак, во објавен статус на социјалната мрежа Фејсбук, а со цел да се обезбедат евентуални дополнителни податоци во врска со случајот кои лицето може да ги има.

-В.А. во разговорот појаснила дека нема информација за таков настан, туку дека слушнала муабети од деца, а кога новинари телефонски ја повикале да поразговараат на темата, тогаш сфатила дека направила грешка и го избришала статусот, информираат од МВР.

Во врска со случајот од страна на СВР Скопје ќе биде известено Основното јавно обвинителство Скопје, со цел добивање насоки за понатамошни мерки и активности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија бара средства за зголемување на воената…

Германската влада бара дополнителни средства за зголемување…

Русија во Иран испраќа два авиони, хеликоптер…

Рускиот претседател Владимир Путин, наредил испраќање на…

Груевски се огласи на Фејсбук за промената…

Грчките политичари деновиве јавно си раскажуваат меѓусебе…

(Видео) Украина префрла нови резерви во Вовчанск:…

Додека руските сили веќе ја преминаа северната…

Што имало во куферот на Љупчо Палевски…

Љупчо Палевски – Палчо 5 дена веќе…