Поднесена кривична за полициска началничка, незаконски си доделила 13 плата
МВР објави дека е поднесена кривична пријава против С.С., поранешна началничка на Одделението за обезбедување на странски делегации, за злоупотреба на службена положба, затоа што во 2023 година си доделила незаконски 13-та бонус-плата.
Пријавената, на работно место началник на Одделение за обезбедување на дипломатско-конзуларно претставништво, а во моментот на извршувањето на делото на работно место началник на Одделение за обезбедување на странски делегации и манифестации при МВР, ја злоупотребила службената положба и овластување на начин што си овозможила стекнување на право за исплата на бонус-плата за 2023 година, иако не го исполнила условот утврден во Законот за работните односи, односно да нема отсуство од работа повеќе од 21 ден во текот на годината.
„Иако била свесна дека не ги исполнува условите за стекнување со наведеното право, пријавената на 05.06.2024 изготвила список со 11 полициски службеници од Одделение за обезбедување на странски делегации и манифестации кои оствариле услов за бонус плата за 2023 година, во кој се впишала и самата себе, а врз основа на кој подоцна ѝ било утврдено право за исплата на бонус-плата за 2023 година и ѝ биле исплатени парични средства на нејзината трансакциска сметка“, соопшти МВР.
Ќе биде поднесен и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициската службеничка и ќе биде изречена задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НМКД наместо МКД: Во Грција прекршен меѓународниот…
Грчката национална телевизија ЕРТ го прекрши меѓународниот…
СДСМ СКОПЈЕ: ТОШКОВСКИ И НАДЛЕЖНИТЕ МОРА ДА…
Градската организација на СДСМ Скопје побара одговорност…
СЕ РАСПАЃА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?…
Договорот за испорака на руски дизел во…
Во изминатото деноноќие 19 кривични дела „безобѕирно…
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…