Поднесени обвиненија за трговија со дрога во Скопје- еве каде била пронајдена

t

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе обвинителни акти во два предмети за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во првиот случај, 32-годишен скопјанец e обвинет, бидејќи на 3 февруари, во продавница за производи за домашни миленици неовластено држел наркотична дрога и психотропни супстанции – вкупно 90,68 грама марихуана, 11,4 грама амфетамин во грутчеста и прашкаста форма, 85 таблети 3,4-метилен-диоксиметафетамин (МДМА), како и дополнителни 24,09 грама од таа психотропна супстанција. При претресот биле одземени и две дигитални ваги на кои се регистрирани траги од МДМА, кокаин и тетрахидроканабинол.

Второто обвинение е против 29-годишник кој на 4 февруари, на улицата „Методија Митевски“ во Скопје, како сопатник на задно седиште во автомобил, неовластено пренесувал 507,4 грама наркотична дрога – марихуана, во поголема ќеса. При претрес на возилото, полициски службеници ја откриле и ја одзеле дрогата наменета за неовластена продажба.

Оценувајќи дека и натаму постојат основите заради кои на двајцата обвинети им беше првично определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на притворската мерка.​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ива Михаилова се појави и на БНТ…

По гостувањето во поткаст, во кое наведе…

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до…

Инстант лозот „Макси златна рипка“, на Државна…

Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ,…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

„Нвидиа“ загуби 300 милијарди долари на отворањето…

Акциите на производителот на чипови паднаа за…

Најава за средба меѓу Венс и Резаи…

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и секретарот…