Подобрена ситуацијата со пожарите во Грција
Во Грција утрово состојбата е подобра во врска со пожарите во Магнезија, Родос, Крф и Каристо на островот Евија, а противпожарната бригада е во целосна готовност во случај на ново избувнување на пожар, јавува РТВ. Многу пожарникари беа ангажирани и во четвртокот на Родос за да го потиснат пожарот во непристапна област, меѓу населбите Вати, Профили и манастирот Тари, кој, за среќа, не им се закануваше на куќите. Нема нови избувнувања на пожари на островите Крф и Евија, соопштија од противпожарната служба, пренесе „Катимерини“.
Во гаснењето на пожарот на североисточната страна на Крф беа вклучени копнени сили и авиони. Пожарот повторно се разгоре во четвртокот на североисточната страна на Евија меѓу населбите Агиос Василеј и Линари, а пожарот од воздух го изгаснаа два хеликоптери. Пожарот што избувна во Аногегата Артас на Крф во шумскиот предел до населбата не го загрозува селото, соопштија од противпожарната служба.
Во гаснењето на пожарот учествуваат 50 пожарникари со 16 возила и три единици без возила. Вкупно 83 нови шумски пожари избувнаа во четвртокот во Грција, додека повеќето од старите се уште не се под контрола. Пожарите утринава се ставени под контрола и во Тесалија во централна Грција. Во четвртокот властите уапсија маж кој од невнимание предизвикал пожар во земјоделска површина во населбата Палеохори, недалеку од Атина, во општина Мандрас-Идилијас, во регионот на Атика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
Центарот за управување со кризи информира дека…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…