Подољак: На Украина ѝ е потребно уште оружје

t

Советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, бара од сојузниците повеќе оружје за да ја помогнат одбранбената кампања на неговата земја против руската инвазија, со оглед на моменталната состојба на боиштето.

-Во оваа фаза од војната, проблемот е што бројот на оружје, беспилотни летала, гранати или артилериска муниција не е рамномерно распределен. Тоа треба да се изедначи, изјави Подољак за германскиот весник Билд, пренесува Хина.

Според него, во моментов не е потребен разговор, туку инвестиции во воено производство, наведувајќи ги „ракетите со долг дострел, беспилотните летала, гранати и артилериска муниција“.

-Бројот на оружје треба да биде голем, додаде тој.

Подољак, кој го советува украинскиот претседател Володимир Зеленски, посочи на долгиот фронт додека неговата земја се обидува да се одбрани од руските напади во неколку правци.

-Целата линија на фронтот е долга 1.300 километри, а борбите се водат од 600 до 800 километри, рече тој.

Моменталната воена состојба, според него, е тешка бидејќи интензитетот на борбите не слабее, без разлика на климатските фактори.

Русија, сепак, не постигна значителен напредок за една година, посочи тој.

-Русија се бори со масите, спроведена е тајна мобилизација, многу луѓе се испратени на фронтот, многу опрема е концентрирана и сето тоа треба да се уништи, објасни тој.

Тој претпоставува дека војната ќе продолжи според плановите на рускиот претседател Владимир Путин „додека не ја освои целата територија на Украина, додека не постигне доминација во Европа, додека не ги освои останатите постсоветски територии“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина изврши напади врз објект на Роскосмос!

Украина изврши ракетни напади врз објект на…

Зеленски: На Украина ѝ се потребни 5%…

Володимир Зеленски го повикува Вашингтон да ослободи…

(Видео) Руски дрон нападна патнички воз во…

Руски дрон „Шахед“ погоди патнички воз во…

Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…

Украинскaта војска во текот на оваа година…

Русија веќе ја напаѓа Украина со севернокорејски…

Во масовниот руски напад врз Запорожје биле…