Подољак: Обединетите нации во целост не сфаќаат каква војна се води во Украина

t

ОН не разбираат целосно каква војна се води во Украина и до што може да доведе желбата да се направат отстапки за Русија во замена за заживување на „договорот за жито“, изјави советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.

„ОН навистина не сфаќаат целосно за каква војна станува збор. Тие не разбираат до што може да доведе таквата позиција од страна на ОН (отстранување на санкциите против Русија во замена за враќање на договорот за жито). Тоа апсолутно ја охрабрува Русија да ја продолжи војната, да ја интензивира, да ја прошири, да ги прошири нападите врз цивилната инфраструктура итн.“, нагласи тој.

Подољак истакна дека ОН се обидуваат да постигнат договор со Русија на сметка на Украина, што е намерно кршење на Повелбата на ОН и принципите на меѓународното право. Треба да сфатиме дека ОН навистина ја толерираат позицијата на Русија и тоа го прават редовно“, изјави советникот на украинскиот претседател.

Изјавата на Подољак следува по новинските извештаи дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш му понудил на рускиот претседател Владимир Путин да го продолжи договорот за жито во замена за поврзување на филијалата на руската земјоделска банка Роселхозбанк со меѓународниот платен систем SWIFT.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Борел: Ако не е западното оружје, Украина…

Високиот претставник на Европската унија за надворешна…

Зеленски: Очекуваме силен руски напад кон крајот…

Украина се соочува со „нова фаза“ на…

Захарова за изјавата на Камерон дека Украина…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Зеленски: Првиот мировен самит за Украина е…

Првиот мировен самит за Украина, кој ќе…