Подољак: Прекин на огнот ќе значи победа на Русија и личен триумф на Путин
Советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак, денеска изјави дека во сегашната ситуација, прекин на огнот и замрзнувањето на војната во Украина би биле победа за Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин.
„Секое сценарио за прекин на огнот и замрзнување на војната во Украина во овој момент ќе значи само едно – победа на Русија и личен триумф на Путин“, напиша Подољак на социјалната мрежа Х.
Во тој случај, тврди Подољак, меѓународното право би ја изгубило сета моќ и би се вовел „законот на џунглата“.
„Војната ќе стане алатка за постигнување политички цели, а бројот на конфликти и хаос во светот драстично ќе се зголеми. На сите ќе им стане јасно: можно е да се нападне друга земја, да се окупира дел од неа, да се организира масакр таму и да се воспостави право на сила на та територија со премолчена согласност на светот“, додаде советникот на Володимир Зеленски.
Подољак изјави дека тоа ќе биде „голем пораз за западниот свет“ и „крај на сегашниот глобален безбедносен поредок“.
„Замрзнувањето на војната нема да стави крај на конфликтот и нема да го намали страдањето на украинскиот народ. Напротив, доколку Москва ја задржи половината од Украина и оди на пауза, ќе почне да се подготвува за следната рунда“, смета украинскиот функционер, додавајќи дека Русија, по смената на лидери во клучните западни земји, ќе почна „поголема, покрвава и подобро подготвена војна“.
Тој додаде дека во сегашната ситуација не може да има преговарачки процес и дека мора да се промени статус кво состојбата на бојното поле. „Тоа значи повеќе оружје, проектили и авиони“, заклучи Подољак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за…
Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои…
Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за…
Суштината на движењето што го започнаа студентите…
Рама повторно повика на дијалог
Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…
Дневниот весник на РТВ Војводина започна со…
Дневните вести на Радиотелевизија Војводина во 17…
Британскиот министер за одбрана: Имаме 1.000 дена…
Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди…