Објавено на:

Подољак ја демантира Фон дер Лајен: Во војната загинале од 10.000 до 13.000 украински војници

t

Вооружените сили на Украина досега изгубија меѓу 10.000 и 13.000 војници во војната против Русија, изјави денеска за украинската телевизија Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Бројките се прва проценка на бројот на загинати од крајот на август, кога главниот командант на вооружените сили на Украина соопшти дека загинале речиси 9.000 украински војници.

– Имаме официјални податоци од генералштабот, официјални бројки од високата команда и според нив имаме меѓу 10.000 и 12.500 до 13.000 убиени, изјави Подољак за Канал 24.

Отворено зборуваме за бројот на жртви, додаде тој, истакнувајќи дека ранетите војници се повеќе од загинатите. Во вчерашното видео интервју, советникот на Зеленски, Олексиј Арестович, рече дека загинатите од руска страна се околу седумпати повеќе од оние на украинската страна.

Минатиот месец, највисокиот американски генерал рече дека руските вооружени сили предизвикале повеќе од 100.000 жртви (вкупно убиени и ранети) во Украина и сугерираше дека сличен е и бројот на загубите нанесени од вооружените сили на Киев.

Исто така претседателката на ЕК, Фон дер Лајен, во видео обраќање кое подоцна беше избришано и коригирано, кажа дека Украина изгубила 100.000 војници, по што експресно беше демантирана од украинските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…