Објавено на:

Подољак ја подбра Меркел: Ако знаевте дека ќе нападнат зошто ја направивте Европа зависна од Русија?

t

Украина ја критикуваше поранешната германска канцеларка Ангела Меркел откако таа изјави дека нема „за што да се извинува“ поради нејзиниот одговор на руската анексија на Крим од Украина во 2014 година.

Меркел, која ја напушти функцијата пред шест месеци, вчера рече дека Европа и Русија се соседи кои не можат да се игнорираат. „Мораме да најдеме начин да коегзистираме и покрај сите наши разлики“, рече таа.

Но, советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак рече дека Меркел ја „бутнала“ Европа кон поголема зависност од руските енергетски резерви.

„Ако канцеларката Меркел отсекогаш знаела дека Русија планира војна, а целта на Путин е да ја уништи ЕУ, тогаш зошто [Германија] би го изградила Северен тек 2“, напиша тој на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Подољак: Потребна ни е подобра пропаганда за…

Михаил Подолијак се осврна на видеото на…

Правдата за злосторството врз Вања е блиску,…

Грозоморното и свирепо убиство на 14 годишната…

Меркел за проектот „Северен тек 2“: Верував…

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел во интервју…

Шолц ја поддржа политиката на Меркел кон…

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја пофали политиката…

Меркел објасни зошто преферирала руски гас

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која беше…