Објавено на:

Подољак ја подбра Меркел за изјавата дека се обидела да спречи војна во Украина

t

Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак ја критикуваше изјавата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека направила се за да го спречи избувнувањето на руско-украинската војна, обвинувајќи ја дека Европа целосно зависи од руските енергетски извори.

„Поранешната канцеларка Меркел, која ја направи Европа целосно зависна од руските енергетски извори, се правда: „Направив се што е можно Русија да не започне војна и за тоа добив… евтин руски гас“. Фантастично“, напиша Подољак на Твитер, пренесува Танјуг.

Тој го критикуваше и инсистирањето на Меркел на дипломатија и преговори, прашувајќи ја за што треба да се преговара.

„Повторно за евтин гас од Русија? Но, дали тоа мора да биде по цена на уништени украински територии и стотици илјади невини животи на Украина? И што е најважно – со кого? Со официјално признати меѓународни воени злосторници? „По 430 дена брутална војна, дали навистина е можно толку длабоко да се презира слободата, толку отворено да се игнорираат руските масакри и толку отворено да се мрази правото на Украина на самоодбрана“, рече Подољак.

Тој и порача на поранешната канцеларка дека, доколку не може да ги исправи грешките од минатото, треба да престане да ги оправдува и охрабрува агресорите. Меркел во вчерашното интервју за весникот „Czeit“ изјави дека ги искористила сите можни средства што и стојат на располагање во обид да спречи избувнување на војна во Украина.

„Фактот што не функционираше не е доказ дека не беше во ред да се обидам“, нагласи поранешната канцеларка на Германија.

Таа изјави дека многу разговарала со поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко и со актуелниот украински претседател Володимир Зеленски.

„Претседателот Зеленски беше многу критичен кон договорите од Минск. Тоа веќе го кажа за време на неговата изборна кампања кога изјави дека ги смета за неостварливи“, рече Меркел.

Во интервју за истиот весник, објавено во декември минатата година, поранешниот канцелар на Германија изјави дека мировните договори од Минск во 2014 година само купуваат време за Украина. Таа изјави дека „на сите им било јасно“ дека се работи за замрзнат конфликт и дека проблемот не е решен.

Рускиот претседател Владимир Путин подоцна изјави дека изјавата на поранешната канцеларка е сосема неочекувана и разочарувачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Светот има способност да помогне во…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави…

Кина: Ние не ја предизвикавме украинската криза,…

Кина не ја предизвика украинската криза и…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Пентагон објасни што прават американските војници во…

САД веќе го започнаа процесот на испраќање…

Девојка (19) во Украина се обидела да…

Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се…