Под медијација на Ердоган, Русија и Украина утре потпишуваат договор за извоз на жито
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и претставници на Русија и на Украина утре во Истанбул ќе потпишат договор за извоз на жито.
Договорот е според планот на Обединети нации за да се деблокира извозот на украинско жито преку Црно Море и да и се дозволи на Русија да извезува жито и вештачко ѓубриво. Тоа би можело да ја намали глобалната криза во храна поради што се зголемија цените на житото и други житни култури.
– Планот предвидува заедничка контрола на бродовите кога заминуваат и пристигнуваат во пристаништата на Црното Море и механизам што ќе ја гарантира безбедноста на рутите, соопштија турските власти.
Во Истанбул ќе биде формиран координативен центар за извозот во кој ќе членуваат претставници од ОН, Турција, Русија и Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…