Поевтинуваат горивата од полноќ – ова се новите цени
Регулаторната комисија за енергетика ја објави новата цена на горивата, соопштувајќи дека сите видови горива бележат поевтинување, објави 4NEWS.mk
Според одлуката, ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 се намалуваат за по 0,5 денари, па од утре ќе се продаваат по 74, односно 76 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ бележи намалување од 1 денар, па литар од утре ќе чини 67,5 денари.
Екстралесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 67 денари, односно за 1 денар поевтино, додека мазутот поевтинува за 1,1 денар и од утре ќе чини 38,6 денари по килограм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…
Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…
Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…
Бројот на загинати во вооружениот напад што…
Македонската таеквондистка Душица Брсалиева освои злато на…
Четири борби, четири победи и ниту една…
Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…
Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…
Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…
Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…