Објавено на:

Пожарникарите и авионите се борат да го спасат селото Ратавица

t

Околу Пробиштип сѐ уште е активен пожарот кој попладнево се доближи и зафати повеќе села. Пожарникарите, помогнати од доброволци и од локалните жители, се обидуваат да спречат огнот да се прошири кон селото Ратавица, информираат од Центарот за управување со кризи.

Во моментов сите расположливи сили се насочени кон подрачјето меѓу Пробиштип и селото Ратавица, каде изгореа голема површина сува трева и грмушки.

Како што изјави Златко Илиев од Доброволното противпожарно друштво Кочани, екипите веќе три часа се на терен со четири возила од ДПД Кочани и ДПД Виница.

Според него, пожарот е делумно ставен под контрола, а во меѓувреме се прават противпожарни пресеци со градежна механизација со цел да се спречи неговото ширење кон Ратавица.

Во гаснењето помага и локалното население, додека на терен се ангажирани и три авиони „ер трактор“.

Од ЦУК соопштија дека активен пожар во општините Чешиново-Облешево и Пробиштип, односно во атарите на селата Новоселани и и Лепопелци, како и Бучиште и Неокази, каде гори сува трева и нискостеблеста шума.

Претходно, во Штип беснееја два големи пожари, поради кои беа евакуирани работници од фабрика

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…