Пожарникари кои учествувале во гасењето на пожарот во Фалише добиле медицинска помош поради вдишување отровни гасови

t

Тетовските пожарникари и денеска ќе продолжат со гаснење на оган во магацините на фирмата Евроком што се наоѓа на пат кон селото Фалише. Пожарот е целосно изгаснат во продажниот објект на фирмата, но сè уште има оган и чад од неколку магацински простории. Пожарникарите таму се присутни повеќе од 24 часа и ќе останат. 

 Тетовските пожарникари и денеска ќе продолжат со гаснење на оган во магацините на фирмата Евроком што се наоѓа на пат кон селото Фалише. Пожарот е целосно изгаснат во продажниот објект на фирмата, но сè уште има оган и чад од неколку магацински простории.

Пожарникарите таму се присутни повеќе од 24 часа и ќе останат. 

– Се гасеше цела ноќ и ќе продолжиме со работа и во текот на денот. Имаше голем оган, затоа што имаше многу запаливи материјали, бои и лакови, градежни материјали, бојлери. Интервенирано беше и со вода и со пена но не се изгаси целосно, треба да се работи уште, има оган и чад, изјави Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Поради вдишување на чад, медицинска помош во тетовската болница добиле четворица пожарникари.

– Интензивниот чад беше причина за проблеми со дишењето. Четворица бевме во болница на таканаречено чистење, добивме третман со кислород и инфузија, објасни Амети.

Тој информираше дека дошле припадници на Армијата кои мереле радијација и други параметри, но не откриле таков вид загадување на воздухот.

– Ги молам од Министерството за животна средина да го измерат мерат загадување на воздухот, да не поминуваат и да не доаѓаат тука новинарите и други лица без маски за заштита на лицата. Ова е втор случај да интервенираме во големи магацини со запаливи материјали, а да нема ниту еден хидрант, па затоа се поставува прашањето кој дава вакви дозволи. Едната беше фабрика за производство на пелети во Седларце. Гледаме дека немаат хидранти во објектите. Ова е чудна работа, имаат материјали од неколку милиони евра, а не се набавуваат хидранти, истакна Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Сопствениците на фирмата во разговор посочија дека тука немале производство на бои и лакови како што информираше Центарот за управување со кризи. Велат дека станува збор за продажен објект со магацини каде имале складирано железарија, санитарија, оков за мебел и слични производи, како и мал асортиман на бои и лакови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар зад Универзална сала

Пожар избувна предмалку во куќа на улицата…

МВР: Двајцата пожарникари се обиделе да го…

Секторот за внатрешни работи Тетово излезе со…

Изгоре угостителски објект на државниот правобранител Речи…

Пожар рано изутринава избувна во угостителски објект…

(Фото) Голем пожар над Кондово!

Голем пожар гори над Кондово. Пожарот е…

Арсовска традиционално ја дочека Новата година со…

Традиционално, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,…