Пожарникар загина за време на спасувачка акција во клисура на грчкиот остров Родос
При операцијата за спасување и пренесување на безбедна локација на двајца туристи од непроодно место во клисура на грчкиот остров Родос, загина пожарникар, кој учествувал во спасувачката акција, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, пожарникарот се лизнал и паднал од голема височина, а од противпожарната служба на Грција информираа дека со возило на брзата помош бил пренесен во болница каде што била констатирана смрт.
По наредба на министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Евангелос Турнас, началникот на противпожарната служба наредил спроведување на внатрешна административна истрага со цел целосно да се расчистат околностите и причините за несреќата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…