Пожарот во Битола во кој беа повредени двајца пожарникари сѐ уште не е ставен под контрола
Пожарот во Битола во кој попладнето беа повредени двајца пожарникари, сѐ уште не е ставен под контрола, информира за МИА командирот на ТППЕ Битола, Горан Димкоски.
Во борбата со огнената стихија, Димкоски посочи дека се вклучени 35 пожарникари од ТППЕ Битола, како и граѓани кои доброволно помагаат во справувањето.
Тој соопшти дека едниот од пожарникарите е задржан на лекување во битолската болница со изгореници на дланките и подлактицата.
Вечерва во битолската болница пожарникарот беше посетен од градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, вечерва во Тема на денот на ТВ Сител појасни дека во пожарот во Битола горат нискостеблести растенија и рече дека нема да зададе потешкотии во справувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…