Пожарот во Богданци кој се шири кон ветерниците не може да се гаси со хеликоптери поради силниот ветер

t

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше за најновата состојба околу пожарите. Тој рече дека има пет активни пожари во моментов, а на еден од нив не може да се дејствува поради силен ветер.

„Има еден пожар кон кракот со Јасен, но вработените во Јасен не дозволија тој да стигне до резерватот. Потоа има еден на Илинска планина кој е тежок за гаснење. Пожар кој е во село Косел и кој оди нагоре кон планината, и веќе имаме концентрирано сили. Тука помагаат и од Град Охрид и посебна благодарност до нив. Пожар има во Богданци кој оди конј ветерниците, но за жал хеликоптерите не може да дејствуваат поради силниот ветер. Дождот многу малку ни помогна, каде што беа критичните пожари, за жал падна малку дожд“, рече Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…

Во рамките на апелот на Црвениот крст…

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…

Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…

Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…

На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани

Вчера во 5:30 часот на граничен премин…