Пожарот во кривопаланечкото село Нерав уште е активен, на терен се повеќе екипи
Пожарот во кривопаланечкото село Нерав уште е активен, на терен се повеќе екипи на територијалните противпожарни единици од Крива Паланка и Ранковце, припадници на МВР, на ЈП “Македонски шуми”- подрачно шумско стопанство Осогово, помагаат и мештаните, се на помош ќе пристигнат и припадници на АРМ, информира командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски.
Според првичните проценки, опожарена е површина од околу сто хектари борова шума.
– Непристапниот терен и ветерот се главната причина што речиси и по триесет часа откако избувнал пожарот,да не можеме да го локализираме. Денес моравме да евакуираме и население и стока за да ги спасиме, за среќа спречивме ширењето да се направи кон куќите, но во овој пожар во повеќе наврати животите на пожарникарите,на моите колеги и на другите вклучени во гасењето, беа во опасност поради неконтролирано ширење и префрлање на пламените јазици. За жал дождот го заобиколи селото и не беше баш сојузник, така што, сѐуште сме на терен и очекуваме во секој момент да пристигнат и армиските сили за помош во справувањето со огнената стихија, изјави во телефонски разговор командирот на ТППЕ Крива Паланка, Коцевски.
Пожарот избувнал вчера околу пладне, а во ТППЕ Крива Паланка е пријавен во 14 часот.
Во текот на вчерашниот ден и ноќта пожарот активно го гаселе пожарникарите од Крива Паланка и Ранковце, Противпожарна единица од Трговиште, Србија, екипи од јавното претпријатие „Македонски шуми“ – Подрачно шумско стопанство “Осогово”,Крива Паланка и локално население од селата Нерав и Трговиште.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарот во кривопаланечкото село Нерав уште е…
Пожарот во кривопаланечкото село Нерав уште е…
Извинете, ако министерство за спорт не се…
Организацијата на младинската олимпијада предизвика лавина реакции.…
Повредени мајка и малолетна ќерка, со автомобил…
Патничко возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки,…
(Видео) Николоски се снимаше среде пат: Придобивките…
Министерот за транспорт, Александар Николоски, преку видеопорака…
Јакимовски му возврати на Борко – Се…
Преку објава на социјалните мрежи, министерот за…