Пожарот кај делчевски Голак ставен под целосна контрола

t

Кире Михаилов, заменик генерален директор на ЈП „Национални шуми“ на Македонија,информираше дека пожарот кај делчевски Голак е ставен под целосна контрола.

„Иван Гоцевски, градоначалникот на општина Делчево заедно со неговиот тим успеаја експресно да ги мобилизираат сите служби при што за неполн час во справувањето со големата огнена стихија се бореа преку 300 луѓе од земја и од воздух со огромна бројка специјализирани возила, тешка механизација, авиони и хеликоптери“, објави Михаилов на социјалните мрежи.

Како што информираше Михаилов, на теренот биле општинските сили, ТППЕ од Делчево и сите околни општини, јавните претпријатија на Делчево и околните општини, вработените од ЈП “Македонски Шуми” Делчево, Пехчево и Берово, ДЗС, ЦУК, ДПД од сите околни општини и од Гевгелија, ловци, планинари, општо одговорни компании со механизација и огромна бројка доброволци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…

Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии нема никаква…

На надзорната расправа во Комисијата за финансирање…

73-годишна жена била пронајдена почината во нејзиниот…

73-годишна жена вчера била пронајдена почината во…

Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување…

Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон…

БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОВИКА ВЛАДАТА ДА ГО СЛЕДИ…

Велика Британија нема да може да изгради…