Пожарот кај Фурка се интензивира, побарано е хеликоптерска интервенција во гасењето на истиот
Пожарот кај с.Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по региионалниот пат Богданци – Дојран во ширина од 300 до 400м.Гори деградирана шума-прнар а на места има и борова шума.
Поради сериозноста на пожарното дејствие, ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката и го опфати и сртот на ридот кој е природна граница помеѓу двете општини Богданци и Дојран а е непристапен и тежок терен без патна инфраструктура, од страна и на двајцата Градоначалници преку Центарот за управување со кризи упатено е барање за потреба од воздушна подршка од страна на хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија. На истото позитивно е одговорено од страна на Армијата, а леталото веќе се движи кон Општина Богданци.
Ангажирани сили и служби:
ТППЕ Гевгелија со 10-14 пожарникари и 3 пп м.в., Доброволно ПП друштво Дојран со 4 лица и 1 возило, Комуналец Гевгелија со 1 цистерна и 2 вработени за дотур на вода, Комунално Дојран со 2 возила и околу 10 вработени, ЈПНШ Подружница Кожув Гевгелија со 2 возила и 10 вработени,ТППЕ Кавадарци со 2 ПП возила и околу 8 пожарникари, ТППЕ Валандово со 1 ПП Возило и 3 пожарникари, ДЗС-Валандово со 1 Возило, ТППЕ Струмица со 4/5 поќарникари и едно возило и 5 членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со 2 патролни возила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва предлага пакт со НАТО
Русија би можела да склучи пактови за…
Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…
Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…
Украина и Русија договорија размена на заробеници,…
Украина и Русија договорија поголема размена на…
Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…
Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…