Пожарот на косовската граница не се смирува, чадот вечерва го задуши речиси цело Скопје
Големиот шумски пожар кој денеска избувна на косовска територија, во близина на граничната линија со Македонија, а се прошири кон скопското село Грачани, и вечерва гори, а силна миризба на чад се чувствува во повеќе делови од Скопје.
Според надлежните, пожарот тешко се гасне поради непристапниот терен, а косовските власти денеска побараа помош од нашите служби, кои испратија хеликоптер да помогне со гаснењето на територијата на Косово. Гори сува трева, ниска вегетација и шума, а огнената линија на моменти достигнувала должина и од пет километри.
Македонски хеликоптер за првпат гасне пожар во странство, ангажиран е во Косово
Попладнето и вечерва биле ангажирани пожарникари од Скопје, тимови на Дирекцијата за заштита и спасување, како и два „ер трактори“ кои интервенирале од воздух.
Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов денеска информираше дека пожарот се приближил до селото Грачани, а со помош на авионите, огнената линија била пресечена на критичните места за да се спречи ширење кон селото. Околу 18:30 часот, надлежните објавија дека гори на косовска територија, но не и во Македонија.
Но, чадот од пожарот вечерва силно се чувствува низ речиси цело Скопје, а граѓаните велат дека во некои населби морале да ги затвораат прозорите на домовите поради неиздржливата миризба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вештачка интелигенција испратила лажна дојава за убиство…
Моделот за вештачка интелигенција Клод на компанијата…
Масакр во Пенсилванија: Деветмина загинаа, меѓу нив…
Во масовно пукање во градот Ири, во…
Москва ја поздрави пораката на Трамп за…
Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин…
По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…
Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…
Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива
Папата Лав XIV повторно се изјасни против…