Пожарот на Пелистер е ставен под контрола, дежурни екипи остануваат на терен
Пожарот што попладнево избувна во Преспа и навлезе во Националниот парк „Пелистер“, во подножјето од ресенска страна, е ставен под контрола, соопштија од Центарот за управување со Кризи.
Во гаснењето беа ангажирани екипи на НП „Пелистер“, ТППЕ Ресен и ТППЕ Битола, ер-трактори и два тима со пинцгауери од Дирекцијата за заштита и спасување, како и механизација од јавните претпријатија од Битола.
Дежурни екипи од НП „Пелистер“ остануваат на терен за целосно догаснување и спречување на евентуално повторно активирање на пожарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Светата маченичка Параскева (Петка)
Родена е во градот Иконија од родители…
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…