Пожар во близина на Рилскиот манастир, ќе се гасне со дронови
Пожар избувна во реонот на Рилскиот манастир, на околу еден километар од Кирилова Полјана, соопштија бугарските власти, објави БГНЕС.
Според првичните информации, пожарот најверојатно бил предизвикан од гром за време на невремето што го зафати подрачјето во текот на изминатата ноќ.
На местото се екипи на Природниот парк „Рилски манастир“, претставници на Рилскиот манастир и припадници на Главната дирекција „Пожарна безбедност и заштита на населението“.
Тешко пристапниот терен ги отежнува активностите за ставање на пожарот под контрола.
Според информациите од противпожарната служба, се подготвува употреба на дрон со специјализиран систем за гаснење со вода, со капацитет од 80 литри, наведуваат од ЈЗДП.
Од претпријатието ги повикуваат граѓаните и туристите на зголемено внимание и одговорно однесување во шумските подрачја. Во случај на забележување чад или пожар, сигналот треба веднаш да се пријави на телефонскиот број 112.
И покрај врнежите што вчера паднаа на одделни места, опасноста од избувнување пожари и натаму останува висока, предупредуваат од ЈЗДП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…
Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…
Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…
Дијалогот што во моментов се води во…