Пожар во велешко: Горат стрништа и ливади

t

Регионалниот ЦУК Велес известува дека од страна на од Центарот за информации и комуникација на МВР Велес биле известени за пожар во атар на с.Бистрица, во пределот на месноста „Бистрички осој“, што бил пријавен денеска кон пладне.

Од страна РЦУК Велес веднаш биле известени пожарникарите од ТППЕ од Велес и Национални шуми подружница „Бабуна“ Велес. Согласно информациите од терен, горат претежно ниви, стрништа и ливади, што било очигледно дека се намерно запалени, а речиси 90% од нивите, стрништата и ливадите на тоа место, се во нечија сопственост.

При интервенцијата е констатирано дека нема опасност да дојде пожарот до шумата, бидејќи е доста далеку, но екипа од Национални шуми подружница „Бабуна“од Велес од составена шест луѓе е на терен и го контролира пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Уапсена велешанка која се обидела да го…

Полицијата во Велес уапси 30-годишна велешанка поради…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Велешанка физички нападната во нејзиниот дом

71-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…